КК Партизан ќе се спаси од долгот кон државата, а за тоа најзаслужни ќе се навивачите на црно-белите. Навивачите на Партизан, кои се вистински хит сезонава во Евролигата, својата љубов кон клубот ја докажаа со донациите за исплата на заостанатиот данок.

Во интервју за „Моцарт Спорт“, првиот човек Остоја Мијаловиќ откри дека за еден ден од навивачите собрале неверојатни 500.000 евра.

Прво акцијата ја започнаа околу 2.000 навивачи и на почетокот бевме скептични, не знаевме дали воопшто да ја прифатиме, но на крајот се одлучивме да им дадеме шанса на навивачите да ни помогнат. Внатре во клубот ќе собереме 1.6 милиони евра што исто така е добра основа за застанување на нозе. Најголем дел од долгот е од времето на пандемијата, тогаш загубивме многу пари затоа што не продававме билети, изјави Мијаловиќ.

Исто така, тој откри дека само од билети клубот сезонава заработил пет милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.