Мечот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, помина во доминација на актуелниот шампион во Првата македонска „МТЕЛ“ кошаркарска лига (70:56).

Рамноправно се играше во првите неколку минути, поточно, до резултат 6:6, по што во рок од шест минути гостите од Аеродром направија огромна серија од 22:0 со која стигнаа до 26:6 за првата четвртина да биде затворена со сличен резултат (28:8).

На почетокот на вториот период, при резултат 30:13, дербито беше прекинато (уфрлени голем број на пиротехнички средства и други, тврди и меки предмети, на теренот), и по една пауза, повеќе од еден час, беше продолжено, но без присуство на двете навивачки групи.

Тоа донесе и, извесно, намалување на темпото наа играта, на двете страни, па оние гледачи што останаа во СРЦ „Кале“ видоа минути на изедначена игра до полувремето. Задоволни од високото водство„, сино-белите“ го затворија првото полувреме со тој „стандарден плус“ од 20 поени (48:28).

Домаќините сакаа, но евидентно и објективно, пред себе имаа поквалитетен и поброен ростер каков во овој момент има МЗТ во однос на оној со кој раководи Горан Самарџиев. Новата пауза, сега онаа редовната, не смени ништо. МЗТ Скопје успешно го одржуваше големиот „вишок“, стекнат таму некаде на крајот на првата четвртина. Копривица го заврши дербито со 15 поени, Д. Стојановски допиша 11, а Баковиќ уште 10 во победничката екипа. А во онаа поразената, до 12 поени дојде Ѓуроски, Полутак имаше 11, исто толку и Робев, додека младиот репрезентативец, Шошкиќ даде уште 10.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3 КОЛО

САБОТА

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 56:70
Тиквеш Голден Игл – Гостивар 80:75
Вардар – Феникс 2010 72:77
ТФТ – Кожув 79:77
Чаир 2030 – Шкупи 98:80

20 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

19.00: Пелистер – МКК Куманово

ТАБЕЛА:
Чаир 2030 6 бодови,
ТФТ 6,
МЗТ Скопје Аеродром 5,
Работнички 5,
Пелистер 4 (-1),
Гостивар 4,
Кожув 4,
Тиквеш Голден Игл 4,
Феникс 2010 4,
МКК Куманово 3 (-1),
Вардар 3,
Шкупи 3.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.