Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен загуби од Будуќност со 90:86. Аеродромци беа блиску до изненадување, успеаја да се вратат од -19 и во финишот го израмнија резултатот, но немаа сили за целосен пресврт.
Сепак, МЗТ Скопје и покрај тоа што на овој меч беше ослабен без повредениот Кук и болниот Миќовиќ, покажа дека има квалитет и е цврсто решен додека постојат шанси да се бори за опстанок.
Најефикасни во поразениот состав беа Војдан Стојановски со 20 и Абдул-Малик Абу со 19 поени.
Кај Будуќност се истакнаа Хајнес со 22 поена и Каба со 14 поени и 17 скока.
МЗТ е последен во АБА-лигата со две победи и 14 порази, Будуќност е на биланс 10 победи и шест порази
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.