Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Нови Сад ја победи Војводина со 89:84 и направи голем исчекор кон четвртфиналето во регионалната АБА 2 лига.

Аеродромци дербито на колото против домаќинот на турнирот го отворија извонредно и по првата четвртина имаа водство со 24:12. Во неколку наврати МЗТ водеше и со 15 поени разлика. Сепак на крајот до триумфот македонскиот претставник стигна во неизвесен финиш.

Турнирот во Нови Сад, МЗТ Скопје го заврши со максимални три победи и сега има биланс 7-3.

За разлика од аеродромци, вториот македонски претставник кои настапи денес во 10. коло, тимот на Пелистер загуби минимално од Сутјеска со 79:78, додека вчера ТФТ го совлада Шеншур со 85:77.

МЗТ е на делба на третото место со Војводина и Широки со биланс 7-3, Пелистер е 9.со ефект 4-6, ТФТ е претпоследен (13-ти) со две победи и осум порази



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.