Хрватската кошаркарска федерација го назначи Дамир Мулаомеровиќ за нов селектор на националниот тим. Мулаомеровиќ доаѓа во хрватската кошаркарска репрезентација на местото на Вељко Мршиќ со кого изминатиот викенд спогодбено беше раскината соработката.
Мулаомеровиќ е поранешен хрватски репрезентативец и поранешен селектор на селекциите на Босна и Херцеговина и на Косово.
Мулаомеровиќ во февруари 2022 година беше избран за помошник селектор и тесно соработуваше со својот претходник Мршиќ во стручниот штаб на хрватската репрезентација.
Во својата долга кошаркарска кариера, Мулаомеровиќ има една титула во Евролигата, која ја освои во сезоната 2001/2002 како член на атински Панатинаикос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.