Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски смета дека натпреварот со Норвешка е клучен за првото место во претквалификациите за Евробаскет 2025.

– И пред почетокот на претквалификациите во плановите беше освојување на првото место бидејќи единствено води во следната фаза, односно во главните квалификации. Отворивме со две победи и си ја олеснивме работата со оглед на тоа што играме на домашен терен. Играме против Норвешка која, исто така, има две победи и тоа со голема разлика. Верувам дека овој натпревар е одлучувачки, не дека нема шанса за поправен.

Селекторот Јончевски има и свој коментар за ангажирањето на Американецот Ти-Џеј Шортс

– Што се однесува до новиот играч во составот, имаше интерес за натурализација и за други кошаркари. Но се одлучивме за Ти Џеј Шортс кој има одлични квалитети на плејмејкерската позиција, а избравме организатор на играта бидејќи нема да сметаме на Димитријевиќ кого и се надевам дека добро ќе го замени. Во следните 2-3 дена Шортс ќе се обиде да се вклопи во тимот и се надевам дека отсуството на двајцата кошаркари ќе го надополнат останатите, како Војдан Стојановски, Магдевски, Мекиќ, изјави Јончевски пред стартот на мини-подготовките кои ќе се одвиваат во салата „26 Април“ во Гевгелија.

Македонската репрезентација на 10 ноември се среќава со Норвешка, а три дена подоцна, на 13 ноември, во Гевгелија ја пречекува Данска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.