Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончвски го одреди списокот на 12 играчи кои ќе настапат во претквалификациите за Олимписките игри 2024. На местото на повредениот Ненад Димитријевиќ во Талин отпатува младиот Андреј Шошкиќ.

 

– Ненад Димитријевиќ нема да патува со нас на претстојниот турнир. Тој се пожали на болка во тетивата, како што ме информираа од лекарскиот тим, станува збор за истегнување, повредата не е премногу сериозна, но бара мирување во следните денови и доаѓа во најлош момент за нас, изјави Јончевски.

 

За средбите со Израел, Естонија и Чешка во конкуренција се следните 12 кошаркари: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.