Македонската машка кошаркарска репрезентација ја продолжи победничката низа во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025, откако вечерва во Гевгелија ја совлада Норвешка со убедливи 58-36 во рамки на третото коло во групата Д.
Македонските кошаркари одлично влегоа во натпреварот и со цврста игра во одбраната го сведоа противникот на само 16 постигнати поени по првото полувреме во кое предноста на „црвено – жолтите“ изнесуваше +16 (34-18).
Победата на македонскиот тим не беше доведен во прашање во ниту еден момент во продолжението, а кон средина на четвртина предноста достигна највисоки +23 (55-32).
Најефикасни во македонските редови беа Војдан Стојановски и Бојан Крстевски со по 14 поени, а забележителен дебитантски настап имаше и новото засилување Ти – Џеј Шортс.
Во вториот натпревар во групата Д одигран вечерва, Словачка на домашен терен ја совлада Данска со 74-70.
По три одиграни натпревари Македонија е единствена со максимален ефект во групата пред Норвешка (2-1), Словачка (1-2) и Данска (0-3).
Ноемврискиот циклус во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025 избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе го заокружат в недела против Данска во Гевгелија, по што преостануваат два дуели во февруари на гостински терен против Словачка и Норвешка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.