Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години обезбеди пласман во четврт-финалето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје, откако ја совлада Република Ирска со 77:66 во завршниот натпревар од групата А.

Македонските кошаркари рутински ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар и завршија првопласирани во групата А.

Најефикасен во македонските редови одново беше центарот Теодор Симиќ со 17 поени.

Следен противник на црвено-жолтите ќе биде Велика Британија во рамки на четврт-финалето.
Дуелот е на програмата в петок во СРЦ Кале.

Пласман во елитната А дивизија ќе обезбедат трите првопласирани репрезентации на Европското првенство во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.