Кошаркарот Мајами хит, Џими Батлер по победата над Бостон (123:116) на за него вообичаен начин разговараше со новинарите.
Тој беше запрашан дали верувал во способноста на тимот да стигне толку далеку во плејофот.
-Верувам, се разбира. И најдоброто нешто во врска со тоа е што сè уште не ни е грижа што мисли некој од вас. Не ни е гајле дали сега нè сметате за фаворити. Никогаш не се оптоваруваме со тоа. Знам за што сè се способни овие момци. Нашиот тренер вложи толку многу во секој од нас. Мал круг на блиски луѓе кои излегуваат да играат кошарка, знаат дека секогаш имаат шанса да победат, рече Батлер на прес-конференцијата по натпреварот.
Мајами ноќеска поведе против Бостон со 1:0 во серијата прв до четири победи во финалето на Источната конференциај во НБА-лигата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.