Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс по синоќешниот пораз од Кливленд кавалирс (100:114) имаше забелешки до судиите кои не ги санкционирале фаулите рз него.

– Бев турнат неколку пати при додавања. На полувремето се појавија судиите кои рекоа дека ги пропуштиле овие моменти. Морам да кажам дека ова го слушам последните неколку години. Тие ги пропуштија тие моменти, изјави Џејмс.

По девет натпревари оваа сезона, 37-годишниот Џејмс во просек бележи 4,9 слободни фрлања по натпревар, што е најмалку во неговата кариера.

Со биланс две победи и дури седум порази Лос Анџелес лејкерс се наоѓаат на претпоследното (14. место) во Западната конфереција од НБА-лигата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.