Напаѓачот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс раскажа како успева да игра на високо ниво на 38 години.
Вчера против Шарлот, Џејмс постигна 43 поени и забележа 11 скока.
– На 18 или 20 години се ви се дава на сметка на вештините и енергијата. Но, на 38 години, менталитетот е веќе важен. Колку можам да се одморам секој ден, како да спијам оптимално, како да се хранам правилно, како правилно да се однесувам со своето тело, изјави Џејмс за „Лејкерс дејли“.
Оваа сезона Леброн одигра 29 натпревари од регуларната сезона во НБА, со просек од 29 поени и 8,2 скока
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.