Српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ почина вчера на 46-годишна возраст како последица на срцев удар кој го доживеа ноќта меѓу вторникот и среда.
Милојевиќ беше помошник тренер на НБА екипата Голден Стејт, а претрпе срцев удар за време на тимска вечера во ресторан во Солт Лејк Сити.
Српскиот стратег итно беше пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.
Роден на 15 април 1977 година во Белград, најголем дел од својата кошаркарска кариера Милојевиќ ја мина во Партизан, а со репрезентацијата на поранешна СР Југославија ја освои европската титула во 2001 година.
Тренерската кариера ја почна во Мега, а во август 2021 година потпиша долгорочен договор со НБА лигашот Голден Стејт.
Поради смртта на Милојевиќ, раководството на НБА лигата го одложи дуелот меѓу Јута и Голден Стејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.