Партизан се наоѓа во серија од три победи по ред во Евролигата, откако во „Штарк арената“ паѓаа Панатинаикос, Монако и Олимпија Милано, а на овие мечеви големо внимание привлече играчот на „Црно-белите“, Зек Ледеј кој на теренот излегуваше со греалка во рацете.
„Не знам зошто излегувам со греалката на терен. Тоа е добро прашање. Дефинитивно ни помага“, изјави Ледеј.
Потоа некој му дофрли дека и во салата е ладно, Ледеј се насмеа и додаде:
„Така е, ладно е и ни помага“.
Зек Ледеј постигна 15 поени во синоќешната победа на Партизан над Олимпија Милано од 82:69. По 13 кола, Црно-белите имаат скор од седум победи и шест порази и се наоѓаат на делба на седмата позиција.
Извор: Спортманија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.