Никола Јокиќ брилираше ноќеска против Лејкерс и го предводеше својот Денвер Нагетс до предност во првото коло од плеј-офот, но привлече големо внимание уште пред самиот натпревар.

Имено, тој на натпреварот дојде облечен како Гру, популарниот лик од анимираниот филм „Despicable Me“.

Јокиќ е промотор на четвртиот дел од легендарниот филм, а ги воодушеви сите фанови на Минионите кога се појави во истата облека и со голема пругаста марама околу вратот, како Гру.

Веднаш откако Јокиќ влезе во салата облечен како Гру, се појави тизерот од филмот „Despicable Me 4“ во кој тој разговара со психотерапевт за проблемите со кои се соочува.

Имено, Минионите се убедени дека тој е нивниот шеф Гру, а тој залудно се обидува да ги разубеди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.