Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен забележа значајна победа над фаворитот Цедевита Олимпија.
Аеродромци во најголем дел од натпреварот беа подобар противник и имаа водство кое на моменти беше двоцифрено за конечни 79:74.
Засилувањето Кеандре Кук со 26 поени имаше одлично деби пред домашните симпатизери. Војдан Стојановски со 18, Мајк Кефи со 14 и Абдул-Малик Абу со 10 беа играчите со двоцифрен ефект.
Ова е трета победа за МЗТ Скопје по 18 одиграни натпревари во регионалната АБА-лига. Тимот од Аеродром и натаму е последен на табелата, но оваа победа може да биде поттик дека може да се избори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.