Кошаркарската репрезентацијата на Србија по едно продолжение од пет минути успеа да ја совлада селекцијата на Австралија со 95-90, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на Олимписките Игри.
Србите во втората четвртина заостануваше дури 24 поени зад Австралија, но го најдоа ритамот и целосно се вратија во натпреварот.
Милс погоди на неполни две секунди до крајот и го внесе натпреварот во продолжение. Таму Јокиќ одигра симултанка под двата коша и ги донесе Србите во позиција да играат за медал.
Најефикасен во победничкиот состав беше кошаркарот на Србија, Никола Јокиќ, со 21 поен, 14 скокови и 8 асистенции, додека кај Австралија најдобри беа Пети Милс со 26 поени, а Џош Гиди постигна еден помалку.
Противник на Србија во полуфиналето ќе биде поуспешниот од последното четвртфинале меѓу Бразил и Соединетите Американски Држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.