Кошаркарот на НБА лигашот Филаделфија, Џејмс Харден (33) ќе отсуствува од теренот околу еден месец поради повреда на десното стапало, јавија денеска американските медиуми.
Харден се повреди за време на вчерашниот пораз од Вашингтон од 121-111.
Филаделфија, која пред стартот на сезоната се спомнуваше меѓу кандидатите за шампионската титула, играат под очекувањата и во моментов имаат ефект од четири победи и пет порази, а отсуството на десеткратниот Ол-стар учесник, трикратен најдобар стрелец во Лигата (2018, 2019, 2020) и МВП во сезоната 2017/18, е дополнително лоша вест.
Во првите девет натпревари сезонава Харден имаше просек од 22.0 поени, 10.0 асистенции и 7.0 скокови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.