Кошаркарот на Далас маваерикс, Лука Дончиќ, уште еднаш постигна повеќе од 30 поени. Тој ноќеска во победата над Јута 103:100, реализира 33 поени што е негов седми меч со 30+ поени од стартот на НБА сезоната.

– Не знам што да кажам. Само се трудам да победувам на натпреварите. Кога ќе постигнете повеќе поени, вие станувате победник. Мислам дека денеска го одиграв еден од најдобрите натпревари. Без премногу брзање и врева. Постојано слушам за Вилт Чембрлен, тој е секогаш тука. Ова е супер. Еднаш, одамна, само сонував да влезам во НБА. Сонот се оствари. Што може да биде подобро од играње на вашата омилеÐ �а игра, вршење на вашата работа? Тешко е да се додаде нешто друго, изјави Дончиќ.

Повеќе од него во историјата на НБА-лигата има само легендарниот Вилт Чембрлен со 23 натпревари во низа со 30+ поени.

Воедно. Словенецот е првиот НБА играч од 1963 година кој постигнал 30 или повеќе поени на седум натпревари од почетокот на сезоната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.