Грчкиот тренер Јанис Сферопулос е нов тренер на кошаркарскиот клуб Црвена звезда. Од српскиот клуб го промовираа Сферопулос како наследник на Душко Ивановиќ, кому вчера му беше врачен отказ.
Поранешниот тренер на Олимпијакос и Макаби Тел Авив потпиша двегодишен договор со клубот од Белград.
На клупата на Црвена звезда, Сферопулос ќе дебитира на утрешниот дуел против ФМП во рамки на 4. коло во регионалната АБА лига.
Сферопулос освои две грчки титули како тренер на Олимпијакос со кој два пати играше финале во Евролигата, во 2015 и 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.