Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, изби на второто место во НБА по остварени победи во регуларниот дел од сезоната.

Сан Антонио славеше на гости против Оклахома со 114:106 што беше 1.333-та победа за Поповиќ.

Со овој триумф, 73-годишниот кошаркарски стручњак го помина Лени Вилкенс (1332).

Во моментов, лидер по победи меѓу тренерите во НБА е Дон Нелсон со 1335 триумфи.

Попович почна да работи како главен тренер на Сан Антонио во 1996 година.

Резултати од одиграните натпревари:

Орландо – Атланта  109:130

Бостон – Детроит  111:112

Индијана – Вашингтон  113:108

Њујорк – Бруклин  106:111

Чикаго – Сакраменто  125:118

Мемфис – Портланд  119:123

Минесота – Торонто  91:103

Оклахома – Сан Антонио  106:114

Феникс – Хјустон  124:121

Голден Стејт – Денвер  116:117

ЛА Лејкерс – Јута  106:101



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.