Дрес на кошаркарската легенда, Коби Брајант, кој трагично загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5.8 милиони долари.
Тоа е трета највисока сума платена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави аукциската куќа Сотби.
Овој дрес е икона каква што ретко гледаме за спортска опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на НБА сезоната 2007/08, кога беше прогласен за МВП“, коментираше Брам Вочтер, раководител на одделот за модерно колекционерство на Сотби.
Жолто-виолетовиот дрес на Коби Брајант со бројот 24 е продаден на лице кое сакало да остане анонимно.
Во септември лани, дресот со бројот 23 кошаркарската ѕвезда на Чикаго Булс, Мајкл Џордан, беше продаден на аукција за 10.1 милиони долари, додека претходно истата година во мај беа платени 9.3 милиони долари за дресот што аргентинскиот капитен Диего Марадона го носеше на Светското фудбалско првенство во 1986 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.