Дрес на Коби Брајант беше продаден на аукција за 1,2 милиони долари. Дресот е од натпреварот против Голден Стејт Вориорс (118:116) кога и се повреди.
-Дресот со потписот на Брајант има лепенка со логото на НБА и виолетовиот круг со иницијалите „ЈБ“ во чест на починатиот сопственик на Лејкерс Џери Бас, кој почина во февруари 2013 година, изјави Дилана Манфре од „Спортико“.
Најскапиот дрес на Брајант, оној што го носеше во сезоната 2007-08 во НБА и беше прогласен за МВП, претходно беше продаден за 5,8 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.