НБА лигашот Далас синоќа на домашен терен ја совлада Филаделфија со 133 – 126 предводен од Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, кои заедно постигнаа речиси две третини од вкупниот број поени во домашниот тим.
Дончиќ го заврши натпреварот со 42 поени и 12 асистенции, додека Ирвинг постигна 40 поени.
Со тоа Дончиќ и Ирвинг станаа само петти клупски тандем кој на еден натпревар постигнал по најмалку 40 поени во последните 30 години во НБА лигата.
Во поразениот тим Џоел Ембид се врати на паркетот по пауза од еден натпревар и запиша 35 поени и осум скокови.
Далас е шестопласиран на табелата во западната конференција, додека Филаделфија е трета на Истокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.