Кошаркарите на Денвер Нагетс го добија вториот натпревар од 1. коло од плејоф серијата против Минесота Тимбервулвс со 122:113, благодарение на одличната партија на српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

На Денвер не му беше се така лесно на овој меч, бидејќи имаше предност од +21, а потоа следеше пад во третата четвртина. Минесота поведе, но Нагетс успеаја да го вратат водството и да го преземат водството во серијата 2:0.

По мечот следуваше големо славје на победата со Деадре Џордан. Американецот му пријде на Никола и го бакна трипати, на православен начин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.