Бостон селтикс пред своите гледачи го совладаа Шарлот хорнетс со 127-116, во натпревар во кој кошаркарот на домашниот тим, Џејсон Тејтум, постигна 41 поени и стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 1.000 погодени „тројки“.

Третиот избор на драфтот во 2017 година дојде до рекордот на три недели пред својот 25 роденден.

За таков успех, на Тејтум му беа потребни 418 натпревари одиграни во регуларниот дел од сезоните.

На дуелот против Шарлот, кошаркарот на Бостон погоди пет „тројки“ од 10 обиди со реализација од поле 13/21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.