Поранешниот шампион на Македонија, Работнички доживеа тежок пораз во првото коло од квалификациите за ФИБА Европа купот.

Во дуелот со можеби најголемиот ривал за првото место, тимот од Градски парк загуби со 30 поени разлика (57-87) по што згаснаа сите надежи дека може да се пласира во групната фаза од европското натпреварување. Ужасното второ полувреме, а особено последната четвртина беа причина за тоталниот дебакл на тимот од Градски парк кој со големи амбиции се врати во ФИБА куповите.

Работнички некако и се одржуваше во игра во првото полувреме кое му припадна на романскиот тим со 45-41, но во продолжение тотално колабираше. Израмнето беше до 47-47, потоа Рапид поведе со 64-53, на крајот од третата четвртина беше 66-55, но вистинската трагедија се случи во последните десет минути. Место да се обиде да се врати во игра, Работнички успеа да постигне само два поена во финалната четвртина и со тоа буквално да се посрами пред своите навивачи.

Најефикасни кај Работнички беа Џелетовиќ и Трајс со по 15 поени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.