Македонската кошаркарска репрезентација имаше победнички старт на претквалификациите за Евробаскетот кој е на програмата во 2025 година.

Нашиот национален состав издвојува победа над Данска во Нествед со 73:70 и тоа пред се благодарение на неверојатниот Ненад Димитријевиќ кој погоди луда тројка од преку половина терен со звукот на сирената.

Скандинавците не го искористија нивниот последен напад, Ѓуроски дојде до дефанзивец скок по што топката дојде до рацете на новиот член на Уникс Казан кој со погодок ни донесе прво славје во групата во која се уште Словачка и Норвешка.

Токму Димитријевиќ со 29 поени беше најдобар наш стрелец, двоцифрени беа уште Стојаноски и Ѓуроски со по 10 кошеви. Кај домаќините се истакна Јукиќ со 20 поени.

Следниот меч го играме на домашен терен против Словачка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.