Лука Дончиќ привлече големо внимание овој пат не поради неговата кошаркарска моќ, туку поради автомобилот со кој дојде на мечот против Атланта.

Дончиќ во гаражата на Американ Ерлајнс Арена се појавил во автомобил кој наликува на тенк. Тоа е Апокалипса 6х6.

Станува збор за специјална серија на компанијата Jeep, има мотор со 850 коњски сили, 100 km/h стигнува за 3,7 секунди.

Цената на еден ваков автомобил се движи од 500.000 до 1.500.000 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.