Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпко стана третиот играч во историјата на НБА кој постигнал 50+ поени и 10+ скокови со прецизност 80+ проценти од поле. Претходно, такво нешто им успеало само легендарниот Вилт Чембрлен (четири пати) и Карл Мелоун (еднаш).
Во натпреварот против Индијана, на кој Бакс славеа со 128:119, грчкиот кошаркар постигна 50 поени со шут од поле 17 од 21 (81 отсто), а имаше и 14 скока и четири асистенции.
Резултати на синоќешните натпревари:
Атланта – Кливленд 124:116
Мајами – Далас 99:107
Филаделфија – Бостон 87:135
Милвоки – Индијана 128:119
Минесота – Шарлот 126:120 (прод.)
Њу Орлеанс – Мемфис 109:121
Феникс – ЛА Клиперс 103:96
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.