Кошаркарските НБА ѕвезди Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент би можеле да ја предводат кошаркарската репрезентација на САД на Олимписките игри (ОИ) 2024 во Париз.

Како што јавуваат денеска американските медиуми, двократниот олимписки првак Леброн Џејмс ќе се обиде да ги убеди другите НБА ѕвезди да се приклучат во тимот кој идното лето во Париз ќе се обиде да го свои петтото олимписко злато во серија.

Меѓу играчите кои би биле покрај Џејмс, заедно со Кери и Дурент, медиумите ги наведуваат и Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум, Дрејмонд Грин, Крис Пол и Девин Брукер.

Американските кошаркари разочараа на неодамнешното Светско првенство и останаа без медал, откако во натпреварот за третото место беа поразени од Канада



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.