Кожув на гостувањето кај Академија ФМП беше совладан со убедливи 93-83, резултат кој беше доволен за да актуелниот македонски селектор, Александар Јончевски си поднесе оставка од тренерската функција во таборот на гевгелискиот тим.

Под водство на Јончевски, Кожув не ја започна оваа сезона според очекувањата. Тимот се наоѓа на десетото место на табелата со скор од две победи и шест порази.

Официјалната потврда за разделбата на Јончевски треба да биде потврдена најдоцна до понеделник.

Македонскиот селектор во два наврати го водеше Кожув и тоа во период од 2018 до 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.