Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Германија, Тони Крос ги коментираше одлуките на Лионел Меси и Кристијано Роналдо да ја продолжат својата кариера.
Меси (37) игра за Интер Мајами во американската МЛС, додека Роналдо (39) игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија.
– Тие се зависни од успехот во текот на нивната кариера. Не можат да запрат. И тие решија да не заминат на врвот на нивните кариери – како 95 проценти од сите играчи – туку да уживаат во фудбалот уште малку, и ова е нивна одлука. Ако се задоволни со ова, тогаш се е во ред. Но, исто така е очигледно дека, на пример, Кристијано никогаш не е ист како кога играше во Реал Мадрид. Сигурен сум дека тој самиот го знае ова, ја цитира Билд изјавата на Крос.
Крос (34) се пензионираше ова лето. Неговиот последен натпревар беше четвртфиналето на ЕП 2024 Германија – Шпанија (1:2).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.