Топката со која Диего Армандо Марадона ги постигна двата гола во победата на Аргентина над Англија (2-1) во четвртфиналето на Мундијалот 1986, првиот познат како „Божја рака“, а вториот наречен „Гол на столетието“ идниот месец ќе биде продадена на аукција во Велика Британија.

Проценките се дека топката може да достигне цена меѓу 2.9 и 3,4 милиони долари.

Продажбата е закажана за 16 ноември од британската аукциска куќа Грахам Буд (Graham Budd).

Топката е во сопственост на Тунижанецот Али Бин Насер, кој беше главен судија на дуелот меѓу Аргентина и Англија одигран на стадионот „Астека“ во Мексико сити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.