Македонската фудбалска репрезентација претпладнево на комплексот на ФФМ во Скопје зад затворени врати го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Порто и пресметката против Португалија во финалето од мундијалскиот бараж ќе ја има Португалија.
Македонската репрезентација за натпреварот против Португалија ќе биде посилна за тандемот во средниот ред Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, додека во редовите на домаќините се враќаат дефанзивците Жоао Кансело и Пепе.
Финалето во Порто ќе се одигра во вторник од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ со капацитет од 50.000 седишта.
Португалската фудбалска федерација соопшти вчера дека сите билети се продадени.
По триумфот над Италија во четвртокот во Палермо, репрезентацијата на Португалија, предводена од Кристијано Роналдо, е последната пречка пред македонските фудбалери за дебитантски настап на Светското првенство, кое од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.