– Иако се најголеми ривали во шпанскиот фудбал, Реал Мадрид и честиташе на Барселона за освојувањето на шампионскиот трофеј покажувајќи респект кон ривалот.
Вчеравечер Барселона го совлада Еспањол (4:2) во натпреварот од 34. коло на Ла Лига и предвреме ја освои титулата во лигата.
-Честитки за Барселона, шампион на Ла Лига во сезоната 2022/23“, стои во објавата на официјалниот Твитер на Реал Мадрид.
Барселона по 27-ми пат во историјата стана шампион на Шпанија и е втора по Реал Мадрид кој има 35 титули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.