Напаѓачот Кристијано Роналдо ќе го започне мечот од 3. коло на Премиер лигата со Ливерпул како резерва.
Според „Скај спортс“, тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг одлучил да не го вклучи Португалецот во стартниот состав. Наместо него,Ентони Марсијал треба да биде во почетниот состав.
Оваа сезона Роналдо учествуваше во два натпревари од англискиот шампионат: со Брајтон (1:2) влезе како замена, со Брентфорд (0:4) беше стартер.
Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе започне вечерва во 21 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.