Мохамед Салах беше избран за најдобар фудбалер на Ливерпул за сезоната 2023-2024.
Египќанецот доби мнозинство од гласовите на навивачите, пред Вирџил ван Дијк и Алексис Мекалистер, кои завршија на второто и третото место.

За 31-годишниот Салах ова е четврта награда во вкупно седум години колку што го носи дресот на Ливерпул.
Минатата сезона египетскиот репрезентативец одигра 44 натпревари за Ливерпул во сите конкуренции и постигна 25 голови, а додаде и 13 асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.