Србија вечерва игра натпревар против Бразил на Светското првенство, а еуфоријата во Србија пред првиот натпревар на Мундијалот е огромна.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред овој натпревар порача дека очекува и Македонците вечерва да дадат поддршка на српската селекција. Токму како што тие навивале за нас на Европското првенство.
Очекувам и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Македонија да навива за Србија, како што ние навивавме за нив на Европското првенство, изјави Вучиќ.
Србија и Бразил ќе се сретнат вечерва во терминот од 20:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.