Српскиот фудбалски шампион Црвена ѕвезда денеска официјално го претстави Владан Милојевиќ за нов тренер, на местото на израелскиот стратег Барак Бахар.

Милојевиќ потпиша две и полгодишен договор со белградска Црвена ѕвезда на чија клупа седеше од 2017 до 2019.

„Кога заминав реков дека Црвена ѕвезда секогаш може да смета на мене. Немаше многу размислување кога дојде овој повик“, изјави Милојевиќ на промоцијата.

На неговиот претходник Бахар му беше врачен отказ по елиминацијата во Лигата на шампиони и завчерашниот прволигашки пораз (2-1) од градскиот ривал Партизан



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.