Надлежните министри за заштита на граѓаните и за спорт на Грција, Јанис Иконому и Јанис Вруцис до обвинителката во Врховниот суд во Атина, според грчките медиуми, доставиле листа со околу 200 лица за кои постои сомневање дека се хулигани и вмешани во спортско насилство, јави дописничката на МИА од Атина.
Двајцата министри доставиле докази и податоци во име на грчката Влада, побарале кривична надградба на сите случаи поврзани со спортско насилство со цел да се пронајдат физичките и моралните сторители во сите извршени дела и да се истражи евентуално постоење на криминални организации.
Заменик-министерот за спорт Јанис Вруцис рече дека е симболичен потег што ја истакнува нивната решителност да ги употребат сите средства што ги имаат на располагање за да се гарантира безбедноста во спортските објекти.
-Информациите што ги поднесовме се однесуваат на реални случаи, кои покажуваат дека насилството на навивачите ги надминува границите на спортот и низ времето се поврзува со лица кои упатуваат на криминална организација, рече Вруцис.
Министерот за заштита на граѓаните Јанис Иконому истакна дека станува збор за сериозни докази и ќе помогнат во ефикасно и одлучно справување „со бандите на хулигани, но и оние кои, евентуално, ги толерираат или поттикнуваат“.
Денешната средба на надлежните министри со обвинителката од Врховниот суд е во рамките на мерките на грчката Влада за справување со насилството во спортот и меѓу навивачите , кои вчера ги соопшти владиниот портпарол Павлос Маринакис, а доаѓаат откако минататa седмица тешко беше повреден полицаец за време на одбојкарски натпревар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.