– Ал Хилал објави порака со поддршка до Нејмар по повредата што ја заработи бразилскиот фудбалер на натпревар националниот тим против Уругвај.
На Нејмар констатирани му се скинати вкрстени лигаменти и оштетен менискус на левото колено.
– Лекарскиот преглед покажа дека Нејмар се здобил со скинати вкрстени лигаменти и ’рскавица. Подоцна ќе биде опериран, по што ќе биде одредена програма за лекување и период на закрепнување. Врати се посилен, се вели во соопштението.
Триесет и едногодишниот Бразилец беше заменет со Ричарлисон на крајот од првото полувреме од квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Уругвај (0:2) одигран вчера. Тој на носилка беше изнесен од теренот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.