Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни 2024 година ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.
Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство.
– Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.
Последниот меч против Хрватска „Црвено-жолтите“ го одиграа на 12 октомври 2012 година во квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, Хрватите победија со 2:1.
На досегашните осум дуели против Хрватска, македонската репрезентација има само една победа (2007 година, 2:0, квалификации за ЕП 2008), два нерешенни резултати и пет порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.