Без присуство на публика и под силни мерки за безбедност, индонезиските прволигашки екипи Аремa и Персебаја за прв пат одиграа меѓусебен дуел од октомври лани кога натпреварот заврши со смртоносно стампедо.

Двата ривалски клуба последен пат се сретнаа на 1 октомври лани во Маланга, кога смртно настрадаа 135 луѓе, меѓу кои и над 40 деца.

Натпреварот во вторникот се одигра во Јужна Џакарта на стадион во сопственост на полицијата и заврши со победа на Персебаја од 1-0, а не беше забележан ниту еден инцидент.

„Ривалството трае 90 минути. Сите сме браќа, хуманоста е над сè“, соопшти Персебаја на својот Инстаграм профил.

Овој натпревар од индонезиската лига првично требаше да се одигра во март, но беше по одложен и преместен на неутрален терен поради ризик од навивачки инциденти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.