Репрезентациите на Холандија и на САД се изборија за настап во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство за жени што се одржува во Австралија и Нов Зеланд.

Во денешните натпревари од последното, трето коло, во Е-групата, Холандија со убедливи 7:0 го совлада Виетнам, додека САД и Португалија одиграа нерешено 0:0.

Првото место го освои Холандија со седум бода, САД се втори со пет, Португалија има 4, Виетнам е на последната позиција без освоен бод.

Попладнево (13 часот) ќе се играат средбите од третото коло во Д-групата:

Хаити – Данска

Кина – Англија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.