Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ги поддржа Маркос Акуња, Кике Санчез Флорес и Шеик Сар, кои беа изложени на навреди на расна основа за време на натпреварите од шпанското првенство.
-Во саботата имавме три бесрамни инциденти на расизам во Шпанија. Целосно ги поддржувам Акуња и тренерот на Севиља, Кике Флорес, како и Зар од Рајо. Нека нивната храброст ги инспирира другите. Мора да се најдат расистите. Натпреварите не можат да продолжат додека тие се на трибините. Ќе победиме само кога расистите ќе ги напуштат стадионите и ќе одат директно во затвор – местото што го заслужуваат, напиша Винисиус на социјалните мрежи.
Претходно, Винисиус постојано беше подложен на расистички напади од навивачите на противничките тимови за време на натпреварите од шпанското првенство.
Винисиус е еден од најголемите борци за искоренување на расизмот од фудбалските и воопшто од спортските терени. Тој постојано добива поддршка од сите страни на светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.