Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, е задоволен од настапот на тимот во натпреварот од четвртото коло од ФА купот со Астон вила.

„Сините“ од Лондон синоќа на гостински терен забележаа победа со 3:1.

– Тоа беше еден од најдобрите, можеби и најдобриот наш настап во сезоната. Многу сум задоволен од играта и од тоа како играчите уживаа во фудбалот. Ова најмногу ме радуваше. Ние сме млада екипа, а да се биде стабилен е најтешко за една млада екипа. Со млад тим, најтешко е да се најде рамнотежа, изјави Покетино.

Челзи се пласираше во осминафиналето каде за противник ќе го има тимот на Лидс. Натпреварот ќе се одигра на 28 февруари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.