Напаѓачот на Челзи, Каи Хаверц проговори за моменталната позиција на неговиот тим во премиерлигашкиот поредок.

– Ова е тежок момент. Како и секогаш кога тренерот го напушта клубот. Не е лесно, затоа што наша работа е да победуваме натпревари, а кога менаџерот е отпуштен, мораме да ја преземеме и одговорноста за тоа, да го прифатиме она што е. Мора да бидеме професионални и да ја прифатиме ситуацијата. Во лигата треба да се одиграат уште девет натпревари и Челзи не го заслужува 11. место во поредокот. Не е убаво да се биде таму, но сите треба да се држиме заедно. Ние сме во четврт-финалето на Лигата на шампионите и треба да бидеме самоуверени. Ние сме меѓу најдобрите осум тимови во Европа, изјави Хаверц за „ББЦ Спорт“.

Челзи се наоѓа на 11. место во поредокот во Премиер лигата со 39 бодови од 29 кола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.