Време е за најдоброто што го нуди фудбалот! Нова Лига на шампиони – сосема поинаква и далеку поинтересна од која било во историјата.
За почеток, ќе имаме вистински тридневен спектакл По шест натпревари во вторник, среда и четврток. Најмалку по еден дерби натпревар е сигурно загарантиран во секое коло од натпреварувањето.
Што не чека во новиот формат на натпреварувањето?
За почеток, 18 натпревари по коло. Впечаток е дека ќе се води голема борба, како за место меѓу осумте најдобри што води директно во осминафиналето, така и за една позиција од деветтото до 24-то, што гарантира плеј-оф за осминафиналето.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го критикуваше големиот број на натпревари закажани со новиот формат на Лигата на шампиони, чии први натпревари се играат вечерва.
Анчелоти, чиј тим игра против Штутгарт вечерва од 21 часот, им изјави на новинарите дека е поборник за помалку натпревари со цел да се намали бројот на повреди на играчите и да се подобри квалитетот на играта, пренесуваат денеска француските медиуми кои ги следат настаните во Реал Мадрид откако францускиот играч Килијан Мбапе се пресели во шпанскиот клуб.
„Ако одговорните не почнат да мислат дека играчите се повредуваат затоа што играат премногу, тогаш имаме проблем. Барам да се намали бројот на натпревари за да имаме подобри натпреварувања“, изјави Анчелоти.
На зголемениот број натпревари се пожалија и други фудбалски клубови, а синдикатот на играчи побара решение за намалување на притисокот врз фудбалерите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.