Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ги спореди неговиот напаѓач Квича Кварацхелија и Мохамед Салах (Ливерпул) пред меѓусебниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.
– Ова се двајца играчи кои успеваат да играат брилијантно, но на различни начини. Можете да им дадете топка и тоа ќе се претвори во опасна шанса за тимот. Лесно им е да ги заобиколат ривалите и да ја примат топката со брзина од 2000 км/ч, а потоа да се свртат. И двајцата се убедени во својот потенцијал и дека секогаш се подготвени да му помогнат на тимот. Овие играчи можат да направат разлика, рече Спалети на прес-конференција.
Натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул ќе се одигра вечер од 21 часот на „Енфилд“.
Во пресрет на последното (6. коло) во А-групата, Наполи е прв со 15 бодови, Ливерпул има 12, Ајакс 3, Ренџерс 0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.